Играчот на данската репрезентација Микел Дамсгард тренираше самостојно во понеделник, но во вторник ќе биде вклучен во тренинзите рамноправно со останатите репрезентативци.
Ова го потврди селекторот на Данска, Брајан Ример. Тој нагласува дека Дамсгард не е сериозно повреден и дека се очекува да игра во четврток против Македонија.
„Микел е расположен и денес тренира целосно. Очекуваме дека работите ќе одат добро, но секако ќе мора да ги помине следните два тренинзи, и потоа ќе донесеме одлука“, вели Ример.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

