Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт ги соопшти плановите на оваа организација за Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов… Се чини дека и двајцата ги чекаат нови борби со нови противници, но најпрво се чекаат казните поради инцидентот за УФЦ 229.
И двајцата ќе мора да одговараат пред Атлетската комисија на Невада. „Судбината“ ќе им се знае на 10. декември, а Вајт коментира околу исходот на тој состанок.
„Мислам дека не може да му изречат на Хабиб поголема казна од една година суспензија. Се надевам дека нема да биде повеќе од тоа, не би било чесно. Се се заврши за 40 секунди и никој не настрада. Комисијата мора да испрати порака, но верувам дека нема да има суспензија подолга од една година“ – вели Дана Вајт, кој истакнува дека во иднина би можела да следи бора меѓу Мекгрегор и Дастин Појриер.
Кога е во прашање Хабиб, Вајт смета дека негов следен противник треба да биде Тони Фергусон.
„Фергусон заслужува шанса да се бори за појасот на УФЦ во лесна категорија кој сега е во сопственост на Нурмагомедов“ – истакна Вајт.
Што значи индиректно соопшти дека следните мечеви ќе бидат Мекгрегор – Појриер и Нурмагомедов – Фергусон, а победниците од тие мечеви ќе се сретнат потоа меѓу себе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА