Претседателот на УФЦ, Дана Вајт нема ништо против во иднина да се организира борба меѓу Хорхе Масвидал и Конор Мекгрегор. Вајт смета дека овој меч би бил најголемиот во историјата на организацијата, но дека се уште се далеку од негова реализација.
„Таа борба би била најголемата во историјата на спортот. Сепак, во моментов сум сконцентриран само на тоа што ќе се случи во другите борби“, изјави Вајт.
Конор Мекгрегор во моментов е во пензија и само голема сума на пари би можела да го врати во октагонот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

