Руските медиуми објавија вчера наводна изјава на човек од тимот на Хабиб Нурмагомедов дека на дагестанскиот борец му се понудени дури 15 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор.
Наводно, Хабиб ја одбил оваа понуда од УФЦ и како притоа истакнал дека сака да се бори со Тони Фергусон, по што би заминал во пензија.
Но, по оваа вест која ги обиколи светските медиуми се огласи и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт кој на твитер кратко напиша:
„Оваа вест е срање број 1!“.
Така, претседателот на најголемата ММА организација ги отфрли сите наводи за таква понуда, која е апсолутно нереална во моментов.
This story is Number 1 BULLSHIT. pic.twitter.com/BuWnU6tTy7
— Dana White (@danawhite) October 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА