Данчо Целески активираше оставка од претседателската функција во Охрид

На крајот од есенскиот дел, по завршувањето на денешното последно коло од првиот дел во Втората македонска фудбалска лига, легендата на охридскиот и македонскиот фудбал Данчо Целески ја активираше претходно најавената оставка од претседателската функција во ФК Охрид.

Од клубот информираат дека оставката е активирана, па истата сега треба да се потврди од Управниот одбор на клубот.

„По денешниот натпревар на Охрид, претседателот Данчо Целески ја активира оставката која што ја најави лично до Градоначникот на Охрид во текот на репрезентативните паузи во септември, а потоа повторно и во месец октомври. Истата треба да се потврди од Управниот одбор и од Градоначалникот на Охрид. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови“ – се вели во официјалното соопштение од ГФК Охрид.

Се вчитува...