Најтрофејниот македонски фудбалски тим продолжува со засилувањата за новата сезона. На 77. роденден скопскиот клуб промовираше ново засилување. Тоа е Данел Донгмо кој настапува за репрезентацијата на Камерун до 23 години.
Дваесетитригодишникот кој потекнува од младинската школа на француска Троа, а има настапи и за првиот и вториот тим на овој клуб ја покрива средината на теренот и се очекува да биде големо засилување за престојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

