Данев: Работнички влегува мотивирано во новото првенство

Работнички со амбиции да се најде во горниот дел на табелата, влегува во новото првенство. Утре „романтичарите“ ќе се сретнат со екипата на Силекс.

Димитар Данев, играчот од средниот ред на Работнички вели дека неговата екипа е мотивирана за добар старт на првенството.

„Старт е на новото првенство, а секој почеток е тежок. Но, ние работевме квалитетно во текот на летните подготовки и мислам дека сме максимално подготвени за успешен старт. Имаме респект за Силекс, но максимално сме мотивирани за позитивен почеток на шампионатот. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ги исполниме задачите на стручниот штаб, се надеваме на најдобро“, изјави Данев.

Се вчитува...