Дани Алвес се врати на фудбалот, стана ко-сопственик на португалски третолигаш

Поранешниот бразилски фудбалски ас Дани Алвес (42) стана косопственик на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер.

Со овој чин, поранешниот бразилски репрезентативец официјално се врати во фудбалот откако беше ослободен од затвор каде што отслужуваше казна за силување. На 30 декември 2022 година, според обвинението, Алвес присилил сексуален однос со девојка во тоалетот на ноќен клуб во Барселона. Тој помина вкупно 14 месеци во затвор.

Иако првично беше осуден на четири и пол години затвор, на 28 март 2025 година, шпанскиот суд ја поништи оваа пресуда поради несигурноста на сведочењето на обвинителот и недоследностите во претходната казна.

Алвес повторно е активен, сега во улога на инвеститор на мал клуб во Португалија.

„Денес се отвора нова страница во историјата на Сао Жоао де Вера. Страница напишана со амбиција, идентитет и визија за иднината“, се вели во соопштението за медиумите на клубот, придружено со фотографија од Алвес со дресот на тимот и бројот 13.

На почетокот, идејата беше Алвес да игра за овој португалски клуб, но тоа нема да се случи, бидејќи Бразилецот исклучиво ќе ги управува активностите на клубот како еден од сопствениците. 

Се вчитува...