Дани Алвеш: Бев во храмот на фудбалот, таму ќе ја завршам кариерата

Дани Алвеш најави дека кариерата ќе ја заврши во Бока јуниорс воден од желбата да стави точка на фудбалот во Аргентина.

Славното име на Барселона вели дека Бока е идеален клуб за крај на неговата кариера.

„Сакам да се пензионирам во Бока. Сите знаат дека многу го сакам тимот на Бока јуниорс, но тоа не е затоа што многумина во Латинска Америка го обожаваат овој клуб, туку затоа што забележувам дека се толку поразлични од сите други. Тие те дефинираат како играч“ – вели Алвеш нагласувајќи дека е голем навивач на Бока уште од мал:

„Бев на Ла Бомбониера, во храмот на светскиот фудбал. Тоа е нешто неверојатно. Едноставно не може а да не навивате за Бока“.

Се вчитува...