Пари сен Жермен е новиот клуб на Дани Алвеш, откако бразилскиот интернационалец денеска ги мина и лекарските прегледи во Париз пред утре да потпише двогодишен договор со „светците“. Иако долго време се шпекулираше дека десниот бек сигурно кариерата по раскинот со Јувентус ќе ја продолжи во Манчестер сити, Алвеш во неделата направи свадба на Ибица, за веднаш потоа да го промени својот став и да ја прифати понудата на ПСЖ.
Вицешампионот на Франција веќе ја закажа и промоцијата за своето најново засилување, која ќе се случи утре со почеток во 16 часот.
Алвеш зад себе има бројни трофеи во шпанското и во италијанското првенство, серија што ќе се обиде да ја продолжи и во францускиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА