Дани Алвеш и Гвардиола за сексот и фудбалот на Пеп…

Дани Алвеш е еден од фудбалерите со најмногу трофеи во кариерата, Бразилецот низ годините настапувал за бројни врвни тренери, но кај него нема дилеми околу тоа кој е најдобриот стратег со кого има работено.

„Пеп Гвардиола, без конкуренција. Тој е најдобриот тренер за кој имам играно, да одиграш натпревар за Гвардиола, тоа е подобро од секс“ – изјави Алвеш.

Уште поинтересен беше одговорот на оваа тема на Гвардиола, кој издвои дел од времето од својата прес-конференција пред градското дерби во Манчестер да ја искоментира и изјавата на Алвеш.

„Благодарам за убавите зборови од Дани, но јас многу повеќе сакам секс отколку фудбал. Многу, многу повеќе“ – порача трофејнит стратег.

Се вчитува...