На Дани Алвеш полесно му оди освојувањето титули отколку што му одело освојувањето на сопругата, супермоделката Џоана Санц. Пред да ја направат фамозната, тајна свадба на Ибица во 2017 година, шпанската убавица двапати ги одбивала понудите за брак на славниот фудбалер. Прифатила да му стане жена дури во третиот обид, раскажува Санц во интервју за шпански магазин.
Бразилскиот ас кој има шест титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на шампионите и шпанската моделка станаа двојка во 2015, а свадбата се случи по финалето во ЛШ на Алвеш со Јувентус. Од тајната венчавка нема речиси никакви детали, а во јавноста се појавија и многу малку фотографии.
„Дани ме побара во хотелска соба додека бевме сами, не сакавме да правиме спектакл од интимна работа“, раскажува Санц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА