Легендарниот Бразилец, Дани Алвеш со својата последна објава на социјалната мрежа Инстаграм направи хаос во Шпанија, откако објави слика со Кристобал Сорија, функционерот на Севилја на која се гледа дочекот на неговото пристигнување во Андалузија во 2002 година, клуб чии бои ги бранеше се до 2008 година.
View this post on Instagram
„Како што би кажале, добрите синови секогаш се враќаат дома“ – напиша во описот Алвеш.
Опис со кој што многумина го видоа Алвеш повторно во дресот на Севилја, а целата ситуација ја „разгори“ и спортскиот директор Мончи, кој се присети на Бразилецот…
„Дани Алвеш е еден од моите најдобри трансфери“ – додаде спортскиот директор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА