ПСЖ славеше над Монако во финалето од Лига-купот на Франција, овозможувајќи му на Дани Алвеш да се запише во историјата како најтрофеен фудбалер во историјата на овој спорт.
Имено, за Алвеш ова беше 36. пехар во фантастичната кариера на бразилскиот десен бек, со што тој ги оствари зад себе легендите на британскиот фудбал, Кени Далглиш и Рајан Гигс. Далглиш освои 14 трофеи со Селтик и 21 со Ливерпул, додека Гигс сите 35 пехари ги крена како член на Манчестер јунајтед.
Со Дани Алвеш ситуацијата е поинаква бидејќи тој не само што дојде до пехарите во дресови на пет различни клубови, туку освои трофеи и во дресот на бразилската фудбалска репрзентација.
Заедно со овој синоќешниот Алвеш освои два пехари со ПСЖ, а со бразилска Бахиа на почетокот од кариерата го освои Куп Нордесте. Во својата кариера има и седум титули национален шампион (шест со Барса, една со Јуве), има и шест национали купови (по еден со Севилја и со Јувентус, четири со Барселона), три клупски мундијали и три круни во ЛШ, исто така сите во дресот на каталонскиот гигант.
Тука се и националните суперкупови (четири со Барса, по еден со Севилја и со ПСЖ), како и четирите европски суперкупови (три со Барселона, еден со Севилја).
Покрај тоа, десниот бек има и два медали од Лигата на Европа со Севилја, Копа Америка со Бразил, како и два Купови на конфедерации како член на „кариоките“.
Навистина импресивно, нема што, а оваа колекција наскоро ќе се збогати и со титулата првак на Франција со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА