Дани Алвеш не знае за пораз во финале

Искусниот бразилски дефанзивец, Дани Алвеш е еден од најзаслужните играчи за пласманот на Јувентус во финалето од Лигата на шампиони оваа година. Десниот бек од неодамна влезе во својата 34 година, а зад себе има кариера преполна со убави моменти во дресовите на Барселона и Севилја.

Она што е важно за „Старата дама“ е сопствениот рекорд на Алвеш, Бразилецот во кариерата има загубено само едно финале од вкупно 13. Тоа трае вече 11 години, а единствениот пораз е против Милан во Суперкупот во 2007 година во дресот на Севилја.

Со Севилја победи на двете финалиња во УЕФА Купот, поточно во 2008 ја одбрани титулата пред да се пресели во Барселона. Претходно во 2006 година го освои Суперкупот со клубот од Андалузија.

Со Каталонците триумфираше на три европски финалиња, во 2009 и 2011 година против Јунајтед и 2015 година токму против Јувентус. Исто така ги освои сите три Суперкуп трофеи со Барселона, како и трите светски клубски првенства.

Алвеш во Кардиф оди со скор од 12-1, а „среќната“ 13. титула би можела да му биде најомилена, бидејќи ќе игра против вечниот ривал на неговата поранешна Барселона и актуелниот европски шампион, Реал Мадрид.

Се вчитува...