Манчестер сити во следните 48 часа би требало да го комплетира трансферот на Дани Алвеш, откако Пеп Гвардиола ги договори личните услови со фудбалерот со кого имаше беспрекорна соработка додека беше тренер на Барселона. Гвардиола е во потрага по десни бекови по заминувањата на Сања и на Забалета, а Алвеш е одлична опција и поради квалитетот и искуството, но и поради фактот дека е достапен за отштета од само пет милиони фунти.
Челниците на Јувентус се бесни на Алвеш по последните коментари дека „Пауло Дибала треба да си замине ако сака да напредува во кариерата“, што само ја прели чашата кај директорот Марота, кој сега настојува што поскоро да се ослободи од ветеранот. Алвеш дојде минатото лето од Барса без никаква отштета, така што сумата од пет милиони фунти е прифатлива за „црно-белите“, особено бидејќи Бразилецот има само уште една година од договорот со „старата дама“.
Гвардиола покрај Алвеш ќе се обиде да го доведе и Кајл Вокер, но каталонскиот стратег барем досега одбиваше да плати 40 милиони евра на Тотенхем за овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА