Дани Алвеш остана и без клуб

Дани Алвеш ќе ги мине наредните денови во притвор во Барселона, по обвинението за сексуален напад врз една девојка во дискотека во шпанскиот град ноќта на 30 декември. Тој беше приведен и изведен пред судот во Барселона, каде што беше одлучено дека тој ќе мора да остане во притвор се до пресудата, без можност за кауција.

А, покрај слободата тој остана и без клуб откако мексиканскиот Пумас го отстрани од составот истакнувајќи дека поединец во своето однесување не смее да штети на угледот на клубот.

Во соопштението на мексиканскиот клуб стои дека клубот „нема да толерира нешто што е во спротивност од верувањата на клубот и неговите вредности“.

Се вчитува...