Дани Алвеш беше прогласен за виновен во судскиот случај во кој бразилскиот фудбалер беше обвинет за сексуален напад врз една девојка пред крајот на 2022 година. Судот експресно ја објави и пресудата, со која Бразилецот е осуден на четири години и шест месеци затворска казна за злочинот направен на 30 декември 2022 во ноќниот клуб „Sutton“ во Барселона. Исто така, тој ќе треба да плати парична отштета од 150.000 евра на жртвата.
Алвеш мина повеќе од една година во притвор, откако шпанските власти оценија дека ризикот од негово бегство назад во татковината е преголем доколку му биде овозможено да се брани од слобода. Екс-фудбалерот на Барселона и Јувентус од самиот почеток на судскиот процес тврдеше дека е невин и дека девојката што го тужеше самата го иницирала сексуалниот однос во ноќниот клуб.
Сепак, неколкуте променети искази откако беше фаќан во лага за време на истражната постапка беа пресудни на Алвеш да се гледа како на апсолутен виновник во случајот, па денешната затворска пресуда е сосема очекувана за шпанската јавност.
Каталонските медиуми минатата седмица информираа дека Дани Алвеш се наоѓа во тешка депресија и дека задолжените лица во затворот стравуваат дека тој би можел да изврши самоубиство, па нема сомнеж додека состојбата уште повеќе ќе му се искомпликува по денешната пресуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

