Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш предложи „Златната топка“, која најверојатно вечерва ќе му биде доделена на Лионел Меси, на крајот да му биде врачена на Кристијан Ериксен, најголемиот добитник на годината.
Вечерва се организира церемонијата на доделување на најпрестижната награда во светот на фудбалот, а повратникот во Барселона нема дилема кому да му биде врачена.
„Искрено верувам дека оваа година сите индивидуални награди треба да завршат во рацете на Ериксен за да се испрати вистинска слика до светот“, изјави Алвеш во пресрет на големата церемонија.
Бразилецот истакна дека животот е многу поважен од фудбалот и дека кога некој ќе се врати во живот како Ериксен, тогаш тоа се чувствува кај секого во светот.
„Мислам дека имаме можност да му покажеме на целиот свет дека има многу поважни работи од фудбалот. Треба да ја искористиме можноста, но јас не сум овластен да му доделувам награди на Ериксен и мислам дека Меси е најсилниот кандидат“, заклучи Алвес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА