Дани Алвеш се нуди на Барса

Тимот на Барселона би можел да добие на искуство доколку каталонскиот гигант реши да го врати на „Камп Ноу“ бразилскиот ветеран Дани Алвеш.

Десниот бек е без клуб откако си замина од Сао Паоло на почетокот од септември, веќе има добиено неколку понуди, но желба на Алвеш е повторно да го облече дресот на Барса. Каталонските медиуми тврдат дека тој веќе го контактирал и претседателот Лапорта, известувајќи го за својата желба. Притоа, Алвеш јасно ставил до знаење дека парите нема да бидат проблем бидејќи тој е подготвен да игра и за минимална плата.

Дани Алвеш настапуваше за Барселона од 2008 до 2016 година, освојувајќи шест титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на Шампионите како член на каталонскиот гигант.

Се вчитува...