Дани Алвеш играше извонредно во дресот на Јувентус во завршницата од изминатата сезона, па бразилскиот ветеран сега ја користи добрата репутација за да изврши притисок врз раководството на италијанскиот првак. Како што јавуваат бразилските медиуми, десниот бек испратил ултиматум до директорот Марота, порачувајќи му да ја активира клаузулата за продолжување на договорот, или во спротивно тој самиот ќе инсистира на трансфер во летниот преоден рок.
Актуелниот договор на Алвеш со Јувентус истекува во јуни 2018 година, но во него има клаузула за продолжување за уште една сезона. Бразилецот сака иднината да му биде разрешена до стартот на подготовките, а доколку тоа не се случи ќе инсистира да му биде дозволен трансфер.
Јувентус важи за клуб што не подлегнува лесно на закани, па многу веројатно е дека „црно-белите“ самите ќе му ја покажат вратат на бразилскиот дефанзивец и ќе инсистираат на заработка од десет милиони евра, откако минатото лето го доведоа без отштета од Јувентус.
Тотенхем во моментов важи за најзаинтересиран клуб за Алвеш, по потрагата што Покетино ја почна по наследник на Кајл Вокер, кој летово сигурно ќе го напушти таборот на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА