Дани Алвеш уапсен во Барселона!

Најтрофејниот фудбалер во историјата, Дани Алвеш, беше уапсен во Барселона и одведен пред суд во каталонската престолнина. Причина е обвинението против поранешниот фудбалер на Барса и Јувентус за сексуално вознемирање на една девојка во дискотека во Барселона.

Таа тврди дека Алвеш ја следел до тоалетот во дискотеката и ја бутнал раката под долгната облека, Бразилецот ги отфрли ваквите обвиненија, но според каталонските медиуми, полицијата дошла до видео-снимки како Алвеш ја следи девојката до тоалетот, таму останува една минута пред да го напушти објектот.

„Лицето кое е обвинето за инцидентот во дискотека во Барселона е уапсено. Тоа ќе биде спроведено пред суд, а судијата ќе одлучи за следните мерки, дали ќе му биде одреден притвор или ќе се брани од слобода“, се вели во соопштението на Судот во Барселона.

Дани Алвеш и на 39-годишна возраст се уште активно игра фудбал, настапувајќи за мексиканскиот клуб Пумас. Тој пред два дена пристигна во Барселона за погребот на мајката на неговата сопруга, но очигледно се соочува со сериозни законски проблеми.

Се вчитува...