Дани Алвеш во затвор поминува низ пекол: Не јаде, не зборува…

Легендата на Барселона, Дани Алвеш е обвинет за сексуален напад врз една девојка во дискотека во шпанскиот град ноќта на 30 декември. Тој од неодмана е во притвор и не му е дозволена кауција со што нема право на слобода до донесување на пресудата која се очекува да биде за неколку месеци.

А, според пишувањата на каталонските медиуми таму најтрофејниот фудбалер на светот поминува низ пекол. Тој едвај јаде, е потиштен и емотивен и за 24 часа поминати во келија речиси воопшто не говорел. Бразилецот се уште не го направил и повикот кој му следи бидејќи нема телефон, а не ги памети броевите на било кој член на семејството напамет.

Доколку е прогласен за виновен Алвеш го чека казна затвор од четири до дванаесет години. Во негов прилог не оди ниту промената на изјавата во која прво тврдел дека је на познава девојката, потоа дека ја видел, но ништо не се случило, за на крајот да потврди дека таа го предизвикала дејството.

Се вчитува...