Дани Олмо може бесплатно да ја напушти Барселона

Дами Олмо по само неколку месеци поминати во Барселона би можел да замине од каталонскиот тим како слободен играч поради финансиските проблеми кои веќе неколку години го тресат овој европски фудбалски гигант.

Репрезентативецот на Шпанија се пресели во Барселона изминатото лето по транфсер вреден 60 милиони евра од Лајпциг, но беше регистриран за настапи во Ла Лига само за првиот дел од сезоната. Од 1. јануари важат нови правила па денеска ќе биде познато дали тој ќе добие дозвола за настап во вториот дел од сезоната по судски договор.

Раководството на Барселона се надева дека судот ќе донесе одлука која ќе биде позитина по нив и тој ќе може да биде регистриран до крајот на неговиот договор до 2030 година.

Се вчитува...