Дани Олмо си го оствари сонот од детството и заигра за првиот тим на Барселона, но тоа немаше да биде возможно доколку овој играч како млад бисер не си го трасираше патот преку Динамо Загреб.
Извонредниот плејмејкер одигра сезони за паметење во дресот на хрватскиот првак, од каде замина за Лајпциг, по што летово следеше и трансферот од соништата во Барса. Олмо во последното интервју дадено за шпанските медиуми обелодени дека пред шест години добил покана да заигра за репрезентацијата на Хрватска, но истата ја одбил.
„Точно е, Хрватите ме бараа да играм за нив. Тоа беше периодот пред 2018 година и Светското првенство во Русија. Во тој момент беше најдобар фудбалер во хрватската лига,а никој од шпанскиот национален тим не ме повикуваше, не бев во план за националната селекција. Желбата на Хрватите беше конкретна, но јас им се заблагодарив на федерацијата и на селекторот Далиќ, објаснувајќи им дека мојот сон е да играм за Шпанија. Пресреќен сум што и тоа на крајот ми се исполни“, изјави Олмо, кој беше еден од најзаслужните што Шпанија летово се закити со трофејот европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА