Дани Олмо со деби од соништата – влезе во игра и донесе пресврт-победа на Барса

Барселона по шест години повторно успеа да слави на гостувањето против Рајо Валјекано (1-2), а најзаслужен за трите бода е Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец беше регистриран буквално во „пет до дванаесет“ за да може да настапи вечерва, тој влезе во игра во второто полувреме, за во 82. минута да го постигне победничкиот гол за каталонскиот гигант кој го завршува перфектниот скор од стартот на сезоната во Ла Лига.

Фудбалерите на Рајо Валјекано максимално мотивирано влегоа во мечот, па по нецели девет минути и стигнаа до предност откако Унаи Лопез добро шутираше, Тер Штеген не се снајде најдобро и топката заврши во неговата мрежа.

Флик немаше друг избор, туку од самиот почетокт на второто полувреме во игра го уфрли Дани Олмо, тој беше фаулиран во шенаесетникот при првиот допир со топката, но судијата реши да не покаже на белата точка. Барса продолжи да доминира, стигнувајќи до заслужено израмнување преку Педри, кој одлично се снајде по двојното проигрување со Рафиња.

Каталонците успеаја да постигнат и втор погодок преку Левандовски, но тој гол беше поништен поради прекршок од Кунде во раната фаза од акцијата. Офанзивата на Барса сепак вроди со плод во 82. минута, откако Дани Олмо доби една употреблива топка од Јамал и мајсторски ја смести во мрежата.

Каталонскиот гигант по првите три рунди има максимални девет бода, јасно истакнувајќи ја кандидатурата за нова титула….

Се вчитува...