Шпанскиот мотоциклист, Дани Педроса доби специјална покана за Големата награда на Штаерска каде ќе ја вози својата прва трка за екипата на КТМ.
Педроса последната трка во Мото ГП шампионатот ја возеше во 2018 година во Валенсија кога и ја заврши кариерата, а потоа ја презеде улогата на тест возач на австрискиот тим. Од тогаш многу пати напомена дека не го интересираат специјални покани за било која трка, но очигледно се премисли и затоа ќе го гледаме на моторот на КТМ на големата награда на Штаерска.
Трката за големата награда на Штаерска ќе се вози на 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА