Англискиот премиерлигаш Арсенал е на чекор до ангажман на младиот шпански репрезентативец Дани Себалјос. Тој би дошол како позајмен играч за претстојната сезона од редовите на Реал Мадрид, а во текот на неделава би требало да ги мине лекарските прегледи пред да ја официјализира преселбата во таборот на „топчиите“.
„Кралскиот клуб“ сакаше да го продаде Себалјос откако тој не се снајде најдобро на „Сантијаго Бернабеу“ по доаѓањето од Бетис, но тренерот Зинедин Зидан во последен момент се премисли и одлучи дека многу подобро ќе биде за играчот за врска доколку одигра една сезона во друг клуб како позајмен фудбалер.
Арсенал нема голем буџет за трансфери ова лето бидејќи не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите и менаџерот Унаи Емери мора да се снаоѓа на ваков начин. Покрај Себалјос, Арсенал се надева дека ќе го ангажира и левиот бек на Селтик, Керан Тирни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА