Шпанскиот фудбалер Дани Себалјос, кој беше прогласен за МВП на Европското првенство за селекции до 21 година во Полска, го напушта Реал Мадрид и ќе биде новата аквизиција на Милан. Италијанскиот калчолигаш испратил понуда за Себалјос, со ветување дека во тимот на Џенаро Гатузо ќе игра една од главните улоги, а токму тоа му недостигаше на Дани Себалјос изминатата сезона во „кралскиот клуб“.
Тој дојде како голма надеж на шпанскиот фудбал, но не доби голема шанса од тренерот Зинедин Зидан. Одигра само неколку натпревари, и тоа најчесто како резерва.
Дани Себалјос веќе им соопштил на соиграчите дека го напушта тимот и дека во иднина ќе го носи дресот на Милан, а во наредните денови се очекува и официјално комплетирање на трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА