Македонскиот ракометар Даниел Андоновски, во следната сезона ќе настапува за српскиот тим Врање 1957.
Андоновски (22) има играно за Вардар, Прилеп, Охрид, а во екипата на Врање доаѓа од Трст.
„Откако добив повик, не размислував воопшто. Самата помисла да работам со тренерот на младинската репрезентација на секогаш престижната ракометна нација со одлични услови за работа и напредок, како и добар играчки ростер кој се формира, беше доволна причина да се одлучам за Врање. Врање е ракометен град со полни трибини и се надевам дека заедно ќе ја исполниме секоја цел“, рече Андоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА