Членот на Металург, Даниел Ѓорѓески од следната сезона ќе настапува во унгарскиот шампионат за тимот на Будакалас. Тој потпиша една година со унгарскиот тим на кој ќе му се приклучи по крајот на сезоната во домашниот шампионат.
Екипата на Будакалас во моментов се наоѓа на деветтото место на табелата во шампионатот на Унгарија и се уште е во игра за местата кои водат во Европа следната сезона. Ѓорѓески има солидна сезона во дресот на Металург со кој играше и во Лигата на Европа, а покрај во тимот од Автокоманда во кариерата настапуваше и за Работнички, Вардар Јуниор, РК Вардар и Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА