Даниел Мојсов: Со стил да ја завршиме денеска полусезоната!

Тиквеш денеска (13 часот) на свој терен во рамките на последното есенско коло од ПМФЛ шампионатот на свој терен ќе го пречека тимот на Струга ТЛ.

Кавадарчани во добар стил ја завршуваат есенската полусезона откако се мачеа резултатски и играчки на почетокот. Со доаѓањето на Борче Христов на кормилото, нештата се подобрија, па во Кавадарци се радуваа на девет бода од последните четири мечеви.

Тоа секако дека е позитивно делува на се, пред се на тимот.

„Да, јасно беше дека Тиквеш има далеку повеќе квалитет и капацитет како екипа од резултатите на почетокот. Ете, на крајот од есенскиот дел од шампионатот доаѓаме до посакуваните резултати и игри. Струга ТЛ е квалитетен тим, тим кој што е во топ три екипите во лигата, има многу што да понуди на терен, но имаме и ние. Подготвени сме во добар стил да ја завршиме полусезоната, и со уште повеќе бодови на контото да заминеме на одмор“ – вели искусниот Даниел Мојсов.

Се вчитува...