Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов на најдобар можен начин ја почна новата сезона во кипарскиот шампионат во дресот на АЕК Ларнака.
Мојсов беше стрелец на првиот гол за АЕК во победата од 2-0 против Олимпијакос Никозија во првиот натпревар за АЕК на Кипар сезонава.
Даниел Мојсов го одигра целиот натпревар за домашните, а Иван Тричковски настапи до 67. минута на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА