Прославениот француски репрезентативец, Даниел Нарсис објави дека во јуни става крај на богатата ракометна кариера. Нарсис им го соопштил на своите соиграчи во ПСЖ и во француската репрезентација дека на крајот од сезоната се повлекува дефинитивно се повлекува од ракометните терени.
„Не мислев дека ќе ми биде толку тешко да им ја соопштам оваа одлука. Јас сум скромен, немам обичај да ги покажувам своите емоции. Никогаш не ми било проблоем да зборувам пред тимот и пред другите. Но, ова беше многу потешко. Имав проблем да ги најдам вистинските зборови и тоа беа многу тешки моменти“ – вели 38-годишниот Нарсис во изајавата за официјалниот сајт на ПСЖ.
Даниел Нарсис зад себе има исклучително богата ракометна кариера во која со репрезентацијата на Франција стана двоен олимписки и четирикратен светски шампион. Со екипата на Кил два пати ја освои титулата во Лигата на шампионите и во 2012 година од ИХФ беше прогласен за најдобар ракометар во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА