Не се чекаше многу за одговор од Даниел Димевски по критиките што на денешната прес-конференција ги упати Борко Ристовски на адреса на првиот човек на МОК, по суспензијата што му беше изречена на долгогодишниот ракометен репрезентативец.
Ристовски денеска повторно испрати сериозни обвинувања кон Димевски, а од првиот човек на МОК попладнево стигна одговор – во вид на прашалник околу карактерот на Борко.
„Дали знаете човек за кого Борко кажал добар збор“, Дали би се однесувал исто ако немаше политичка поддршка“… се дел од прашањата во документот објавен на официјалната фејсбук-страница на МОК, со назнака дека станува збор за личен став на претседателот Димевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА