Даниела Алексовска во тренинг камп со УФЦ ѕвезди пред нејзиното деби во „Армада“

Даниела Алексовска заедно со Стефан Пецевски, во интензивен тренинг камп во Нови Сад, Србија, како дел од подготовките за нејзиниот деби настап во професионалната ММА Организација – ARMMADA, на 7ми Јуни во Херцег Нови, Црна Гора.

Во рамките на овој тренинг камп, Алексовска и Пецевски работат рамо до рамо со најдобрите ММА борци од Балканот и Европа, меѓу кои е и Александар “Rocket” Ракиќ, професионален UFC борец од Србија и моментално рангиран како 9ти најдобар ММА борец во “Light Heavyweight“ категорија во светот, Миран „Slo Rocky“ Фабјан, професионален ММА борец од Словенија кој се наоѓа на 27то место во Европа, како и Душко „Thunder“ Тодоровиќ, UFC борец од Србија, кој е рангиран на 72 место во “Middleweight“ категорија на глобално ниво. Подготовките се одвиваат под стручно водство на тренерот Немања Милошевиќ.

Македонската ММА федерација, заедно со клубот „The Strongest“, вложуваат максимални напори за да ја стават Македонија на глобалната ММА мапа и достоинствено да ја претстават нашата земја во светот на боречките спортови.

Се вчитува...