Легендата на Рома, Данијеле де Роси во наредниот период ќе ги брани боите на американскиот клуб, Лос Анџелес кој од 2014. година се натпреварува во МЛС лигата. Де Роси по дваесет години се прости од Рома. За „волчицата“ настапи на 459 натпревари, на кои постигна 43 гола.
Де Роси се поврзуваше со аргентинскиот великан Бока Јуниорс, но сепак како што пренесуваат медиумите во Америка, тој ќе биде нов фудбалер на Лос Анџелес. Во клубот од ЛА настапува и поранешниот фудбалер на Арсенал, Карлос Вела. Сезонава Лос Анџелес е на првата позиција во Западната конференција во МЛС лигата и е еден од фаворитите за освојување на титулата во престижното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА