Рускиот возач Данил Квјат ќе остане во Формула 1, во новата сезона ќе биде дел од тимот на Ферари. Но, Квјат не доби натпреварувачко место во трофејниот тим, туку ќе биде во улога на развоен тест возач и главно ќе работи на симулатор.
Русинот не доби продолжување на договорот во Торо Росо, а претходно 23-годишниот Квјат и во Ред Бул мораше да му го отстапи своето место на Макс Ферстапен. Во претсезонските најави Квјат се поврзуваше и со тимот на Вилијамс како еден од потенцијалните наследници на Фелипе Маса, но на крај отпадна од таа комбинација и заврши како развоен возач во Ферари.
Данил Квјат во Формула 1 дебитираше во 2014 година во тимот на Торо Росо, а следната година го замени Себастија Фетел во Ред Бул. Но, слабите настапи одново го вратија во Торо Росо, а во Ред Бул дојде Ферстапен. Во минатата сезона рускиот возач на тркуте во Малезија и во Јапонија беше заменет со Пјер Гасли. Се врати во болидот за трката во САД на која освои бод, но тоа не беше доволно за да го задржи местото во тимот. По завршувањето на сезоната во Ф1, Квјат се префрли на тест-возења во НАСКАР , но ја исклучи можноста да настапува во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА