Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац ќе биде тренер на Ал-Мудар од Саудиска Арабија. Ова ќе биде прв ангажман на македонскиот стратег на азискиот континент.
Претходно покрај тоа што беше селектор на Македонија, Брестовац ги водеше Металург и Ред Бојс Дифердаж од Луксембург, а му беше асистент на Ивица Обрван во францускиот Шамбери.
Брестовац репрезентацијата на Македонија ја водеше на две големи натпреварувања. Европското првенство во Австрија 2020 година и Светското првенство во Египет годинава.
رسمياً : المقدوني دانيلو بريستوڤاك يقود الكواسر الموسم القادم 🔥
Welcome Danilo 🧡🤍
🖥 @sajjad99s#نادي_مضر 🧡🧡#كرة_اليد pic.twitter.com/p5fWWldqoq— نادي مضر السعودي (@mudharclub) June 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА