Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац во новата сезона нема да биде дел од Ал Сафа откако се одлучи да замине од клубот по пет месечната соработка која може да се оцени како успешна.
Поранешниот селектор на Македонија го превзема клубот од Саудиска Арабија во февруари и за краток период успеа да стигне до финалето во Купот на оваа државата, да му го нанесе првиот пораз по цела година на актуелниот шампион, Ал Калеј и да ја заврши сезоната на третото место на табелата.
Покрај Ал Сафа, Брестовац во кариерата ги предводеше и Металург и Тиквеш, работеше во францускиот Шамбери, во Ред Бојс во Луксембург, а последните години ги помина на Блискиот Исток како тренер на Ал Мудар и селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати на Азискиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА