Фудбалерите на Фламенго го освоија Копа Либертадорес со победа од 1-0 во бразилското дерби против Палмеирас во мечот одигран на преполниот стадион во Лима, Перу. Фламенго со тоа испиша историја и стана првиот бразилски клуб кој освоил четири трофеи во најпрестижното јужноамериканско клупско натпреварување.
Почетокот на натпреварот мораше да биде одложен за 15 минути, поради сообраќајни метежи.
Фламенго имаше поголем посед на топката во текот на натпреварот и повеќе шанси, па затоа не може да се каже дека незаслужено стигнаа до 25-от трофеј за Бразил, со што го израмнија претходниот рекорд на аргентинските клубови.
Момент на одлука беше голот на Данило во 67-та минута. Поранешниот играч на Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити беше најприсебен по изведен корнер, што беше доволно за триумф.
Данило со тоа стана првиот играч во историјата кој ги освоил и Лигата на шампионите и Копа Либертадорес двапати. Тој беше европски шампион двапати со Реал Мадрид, а го освои Купот за прв пат во 2011 година со Сантос.
RISE UP DANILO YOU BEAUTIFUL MAN pic.twitter.com/XvcWsE2fIJ
— Flamengo (@Flamengo_en) November 29, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

