Даниловиќ се повлекува од функцијата претседател на КСС

Србија оствари одлични резултати на последните две големи натпреварувања (сребро на Мундобаскет 2023, бронза на ОИ 2024), но претседателот на Кошаркарскиот Сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ сепак реши да си замине од функцијата прв човек на куќата на кошарката кај нашиот северен сосед.

Даниловиќ има мандат до крајот на оваа календарска година, но веќе ставил до знаење дека нема намера да се кандидира за да остане на одговорната функција. Тој за ваквата одлука во текот на вчерашниот ден ги известил и репрезентативците и селекторот Светислав Пешиќ.

Се очекува во наредните два месеца да биде организирано ново Собрание на кое ќе биде избран наследникот на Даниловиќ.

Поранешниот српски репрезентативец е на чело на Кошаркарскиот Сојуз на Србија од 2016 година, кога дојде на оваа функција на местото на Драган Џилас.

Се вчитува...