Магдебург преку клупската веб-страница денеска и официјално се прости од Филип Кузмановски, откако македонскиот репрезентативец реши да го напушти тимот и во потрага по поголема минутажа да замине во Хановер. Кузмановски дојде во Магдебург од редовите на Работник, но не успеа да се избори за позначајна улога во оваа екипа.
Од Магдебург сепак имаат само пофални зборови за македонскиот бек, кого се уште го сметаат за еден од најталентираните ракометари во Европа.
„Кузмановски е еден од најталентираните бекови во Европа, во него има голем потенцијал. Ќе го набљудуваме и понатаму неговиот развој. Можеби повторно ќе соработуваме во иднина“, порачуваат од Магдебург во текстот со наслов „Данке Филип“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА