Филип Талески од денеска повеќе не е член на Рајн-Некар Левен откако реши да го раскине договорот со поранешниот првак на Германија. Тој сепак ќе остане во Бундес-лигата откако ги договори условите за соработка со екипата на Балинген.
Македонскиот „бомбардер“ се надеваше дека со заминувањето на тренерот Јакобсен ќе се зголеми неговата минутажа во екипата, но откако увиде дека тоа нема да биде случај самиот побара да му биде дозволено да ги промени клупските бои. Управата на клубот му излезе во пресрет, па попладнево беше објавен раскинот на договорот меѓу македонскиот репрезентативец и германскиот ракометен гигант.
„Благодариме Филип. Постигнавме договор да го ослободиме Филип Талески од договорот со кој требаше да остане во клубот до 30 јуни 2021 година. Македонецот се сели во новиот прволигаш Балинген“ – објавија „лавовите“ на својот официјален твитер-профил.
Желбата на македонскиот бек е и повеќе од јасна, да добие шанса да ги покаже своите квалитети, да игра стандардно на клупски план, а со самото тоа и максимално подготвен да го дочека настапот за македонската репрезентација на ЕП 2020 во Австрија.
Danke, Filip!
Die Löwen einigen sich mit Rückraumspieler Filip Taleski auf eine Auflösung des ursprünglich noch bis zum 30. Juni 2021 laufenden Vertrages mit sofortiger Wirkung. Der mazedonische Nationalspieler schließt sich Aufsteiger HBW Balingen-Weilstetten an.#1team1ziel pic.twitter.com/Jte1BC0Eu2— Rhein-Neckar Löwen (@RNLoewen) August 20, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА