Данке, Сењор Хаверц (ФОТО)

Огромен дел од фудбалската јавност се сомнева во фер-плејот на шпанската репрезентација, која со поразот од Јапонија ја елиминираше селекцијата на Германија, избирајќи го Мароко наместо Хрватска за свој ривал во осминафиналетео.

И додека Германците се бесни на „црвената фурија“ поради недоволното залагање во второто полувреме против „самураите“, Шпанците не ја кријат благодарноста кон германските фудбалери за пресвртот во завршните дваестина минути.

Имено, во еден момент Јапонија и Костарика имаа идентични водства од 1-2, резултати со кои Германија и Шпанија ќе беа елиминирани. Сепак, Германците предводени од Каи Хаверц успеаја да направат пресврт, за огромна услуга до шпанските фудбалери, кои не им возвратија на ист начин.

„Данке Сењор Хаверц“, гласи насловот во тиражниот весник „Ас“, како благодарност до двојниот стрелец за Германија, без чија помош и Шпанија ќе беше елиминирана од ова СП.

Се вчитува...