Даноски потпиша за Звијезда во БиХ (ФОТО)

Искусниот македонски офанзивец Зоран Даноски кариерата ја продолжува во тимот на Звијезда, член на Премиерлигата на БиХ.

32-годишниот Даноски денеска и официјално беше претставен во новиот клуб, потпишувајќи едногодишен договор со босанскиот клуб каде доаѓа од редовите на Радник Сурдулица.

Зоран Даноски претходно во кариерата настапуваше и за Металург, Кожув, Тиквеш, Победа, како и во клубови во Чешка, Хрватска и Србија.

Се вчитува...