Данов поднесе оставка на селекторската функција во боречката репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација во борење, Бобан Данов си поднесе оставка од функцијата по лошите резултати на сениорите на неодамна завршеното Европско првенство во борење кое се одржа во Словачка.

Македонија потфрли на европскиот шампионат, по што Данов се одлучи да се повлече од функција, посветувајќи се во иднина повеќе на работата со младите домашни таленти во овој спорт.

Данов беше селектор на боречката репрезентација од 2021 година, водејќи ја репрезентацијата и на Летните олимписки игри во Париз, Франција, минатата година.

Се вчитува...