Данска без проблеми до триумф над Шпанија

Ракометната репрезентација на Данска ја забележа и втората победа во главната фаза на Европското првенство кое што се игра во Скандинавија, откако вечерва без поголеми проблеми славеше против репрезентацијата на Шпанија со 31-36.

Шпанците одиграа коректно во првото полувреме во кое имаа негатива од само два гола 14-16. Сепак, во вториот дел се запали данската машинерија и на крајот избраниците на Јакобсен славеа со убедливи 31-36.

Најдобар поединец во таборот на победникот беше Емил Јакобсен со осум гола, додека кај Шпанците недоволни беа деветте погодоци на младиот Маркос Фис.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...