Репрезентацијата на Данска дојде на чекор до пласман во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако вечерва го совлада составот на Хрватска, која е елиминирана од турнирот.
Данците во текот на целиот меч беа во водство, но во првиот дел тоа не беше со повеќе од четири голови разлика. Во финишот Хрватска стигна и до израмнување, но на крајот Данците заминаа со гол предност.
Иста слика и во вториот дел. Данска цело време бегаше, а Хрватска стигаше. Најголемата предност беше четири гола, а Хрватите стигнаа и до два, но не можеа да ја стигнат разликата.
Микел Хансен беше незапирлив и постигна осум гола, практично беше најдобриот на теренот. Осум гола постигна и Мариќ од Хрватска, но немаше поддршка од другите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА