Данска ја потврди својата доминација на ракометната сцена откако вечерва славеше во големото финале над Германија со 34-27 и се закити со титулата европски првак, со што Данците ги обединија трите најважни титули – светски, олимписки и европски шампиони.
Германците дадоа се од себе за да му парираат на големиот фаворит, долго време не дозволувајќи им на данските ракометари да се одлепат резултатски иако во 14. минута останаа без специјалистот за одбрана Том Кислер кој заработи директен црвен картон. Во клучните моменти важни интервенции имаше Андреас Волф, па по најубедливите во првото полувреме 10-7 следеа два гола во низа на германските ракометари и враќање на неизвесноста. На одмор се замина со 18-16, Германците се приближија само до 19-18, но следеше нова мини-серија на данскиот состав.
Олимписките и светските шампиони дојдоа до „плус четири“, во клучните моменти го имаа Гидсел, контролирајќи го резултатот до самиот крај и славејќи заслужено со конечните 34-27.
Питлик имаше осум гола за Данска, Гидсел реализираше седум, додека данските голмани собраа 15 интервенции (осум Мелер, седум Нилсен).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

